Милвоки одговори на фрлената ракавица, Голден стејт има 2-0 против Хјустон

Актуелните шампиони Голден стејт вориорс, поведоа со 2-1 во полуфиналната серија од Западот против Хјустон рокитс, откако ноќеска повторно триумфираа на домашен терен со конечни 115:109. Воините ја добија средбата во која повторно имаа комплетна контрола врз резултатот од првата до последната минута.

Иако Хјустон цело време беше во резултатски заостаток, домаќините не остварија поголема разлика од 14 поени. Џејмс Харден ги одржуваше во живот Ракетите, но на крајот неговите 29 поени беа недоволни да се избегне нов пораз пред серијата да се пресели во Тексас.

Битката на поранешните играчи на Оклахома ја доби Кевин Дурант. Ѕвездата на Голден стејт реализираше 29 поени и 5 скока, го следеа Томпсон со 21 и Кари со 20 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=xs1sW6V3QV8

 

Милвоки бакс израмнија во серијата против Бостон селтикс на 1-1, по триумфот кој го остварија ноќеска со конечни 123:102. Елените го возвратија „брејкот“ на Бостон од првиот меч и го направија ова полуфинале од Истокот уште поинтересно и понеизвесно, како и што се очекуваше.

Гостите го држеа резултатот во своја корист до средината од втората четвртина, а потоа иницијативата ја презедоа кошаркарите на Милвоки и со неверојатна серија од 24-2 во решавачкиот период дојдоа до големата победа.

Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакси со двоен учинок од 29 поени и 10 скока, Бледсо придонесе со 21 поен. Од редовите на Бостон најрасположен на паркетот беше Морис со 17 поени, Браун заврши со еден поен помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=hBnl8q1Sonw

- Оглас -

Најнови вести