Мина им обезбеди на „лилјаците“ четврт-финале во Кралскиот куп

Валенсија е вториот тим кој обезбеди учество во четврт-финалето на Кралскиот куп откако со 3-0 го совлада второлигашот Спортинг Хихон. На „лилјаците“ им беа доволни два гола за пласман во следната фаза, откако во првиот дуел претрпеа пораз со 2-1.

Санти Мина беше човекот кој ја донесе одлуката на „Месталја“. Шпанскиот голгетер влезе од клупа на стартот од второто полувреме, па во период од 10 минути (66-тата и 76-тата минута) на двапати ја тресеше мрежата на гостите. Во моменти кога победникот веќе беше познат, младиот Феран Торес се запиша во листата на стрелците за триумфот да биде поубедлив.

Пред Валенсија, Хетафе се пласираше во четврт-финалето откако против Валјадолид на гости издвои реми од 1-1, а минималната победа на домашен терен во првиот дуел се покажа како доволна за пласман.

- Оглас -

Најнови вести