Мина кризата за Шкендија, нема ниту еден играч со Ковид-19

Ланскиот македонски шампион Шкендија објави дека на најновите тестирања нема ниту еден фудбалер што има симптоми на Ковид-19, односно сите тестови се негативни.

Тетовци беа во фокусот во мај, кога имаа двајца играчи со позитивни тестови на Коронавирус, но сега можат да здивнат по најновите тестирања.

Шкендија ќе продолжи со подготовките во Тетово, откако одреден период минаа во Маврово, а се со цел да бидат подготвени за настапот во квалификациите за Европа Лигата.

Планирани им се неколку подготвителни натпревари со Гостивар, Македонија Ѓорче Петров, Работнички и со Брегалница до стартот на евро-квалификациите за ЛЕ.

До почетокот на домашното првенство има уште еден месец, а потоа ќе следат и обврските за Шкендија и на европската сцена.

- Оглас -

Најнови вести