Минамино потпиша и веднаш го облече дресот на Ливерпул

Ливерпул го потврди трансферот на Такуми Минамино од Ред Бул Салцбург во редовите на европскиот првак. Јапонскиот офанзивец и официјално потпиша договор со Црвените, против кои имаше добри игри во Лигата на шампионите.

Тој ги мина лекарските прегледи, ги договори сите услови, но за Ливерпул ќе има право да заигра по 1 јануари.

„Ми се исполни сонот да играм за Ливерпул, многу сум среќен и возбуден. Играњето во Премиер лигата ми беше цел во кариерата, секогаш си велев дека ако напредувам како што треба, еден ден врвот би бил Премиер лигата. Но, никогаш не помислував дека ќе бидам дел од овој тим кој игра на многу високо ниво. Сакам да дадам придонес и да помогнам да ги освоиме Премиер лигата и Лигата на шампионите“, беа првите зборови на 24-годишниот Минамино, кој позираше со дресот на Ливерпул со бројот 18 на грбот.

Јапонскиот репрезентативец во Салцбург беше од 2015 година, каде што дојде од Серезо Осака и на 199 меча даде 64 гола, од кои еден против Ливерпул на „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести