Минатата сезона беа последни, но немаа каде да испаднат, а сега обезбедија пласман во ЛК (Фото)

Фудбалот во Сан Марино веројатно не го интересира никој, но приказната што стигнува од оваа земја која е опколена од Италија од сите страни е за рубриката „верувале или не“.

Во Сан Марино постојат само 15 фудбалски клубови и сите се натпреваруваат во единствената фудбалска лига. Екипата на Космос од Серавале минатата сезона заврши на последната позиција на табелата само со пет бода, без ниту една победа и со негативна гол-разлика од минус 55. Петте нерешени натпревари и 23-те порази беа „зачинети“ само со девет постигнати погодоци. Според логиката, клубот треба да испадне од лигата, но немаше каде бидејќи Сан Марино нема втора фудбалска лига.

Шансата за настап во „највисок“ ранг оваа сезона ја искористија на најдобар можен начин и првенството го завршија на втората позиција на табелата само со бод помалку од шампионот Тре Пене. Сепак, за пласман во Европа во Сан Марино се игра плејоф помеѓу екипите од втората до единаесеттата позиција, а тука најдобар беше тимот на Космос откако во финалето го совлада шампионот од минатата година, Ла Фиорита.

Ова ќе биде прв настап во Европа за Космос по 2000 година, кога како шампиони на Сан Марино играа во квалификациите за Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести