Минатата сезона играше во втора лига, а сега растура со голови и вреди 100 милиони евра

Виктор Ѓекереш веројатно е малку познато име во светот на фудбалот, но тој со игрите кои ги прикажува во дресот на Спортинг Лисабон оваа сезона ги воодушеви сите. Шведскиот интернационалец со унгарски корени оваа сезона на 29 натпревари во сите конкуренции постигна дури 27 гола, а запиша и 11 асистенции.

Тоа ја крена неговата цена на 100 милиони евра, а само до пред една сезона играше во англиската Чемпионшип дивизија за екипата на Ковентри. Откако неговиот поранешен клуб две сезони по ред не успеа да се избори за влез во повисок ранг, одлучија да го продадат за 21 милион евра на португалскиот гигант, иако претходно го купија од Брајтон само за 1,2 милиони евра.

Ѓекереш потекнува од младинската академија на култниот шведски клуб Бромапојкарна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести