Минатото лето размислуваше за пензија, а сега Германецот го продолжи договорот со Реал

Тони Крос потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид, официјално потврди Кралскиот клуб.

Иако уште пред неколку недели беше познато дека Крос и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, иако минатата година размислуваше да замине во пензија, сега и официјално стави параф на новиот договор.

https://twitter.com/realmadrid/status/1671459394507374594?s=20

Германецот професионалната кариера ја започна во 2007 година во Баерн Минен, а по 205 настапи за баварскиот тим, со кого триумфира и во Лигата на шампионите, во 2014 година во трансфер вреден 25 милиони евра се пресели во Реал Мадрид и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата на шпанскиот тим.

Крос досега одигра 417 натпревари за Реал Мадрид и освои дури 20 трофеи, четири во Лигата на шампионите, петпати триумфира на Светкото клупско првенство, четирипати во евроскиот Суперкуп, трипати во Ла Лига и во шпанскиот Суперкуп и еднаш во шпанскиот Кралски куп.

- Оглас -

Најнови вести