Минесота со последниот шут ја победи Јута и испиша историја во НБА (Видео)

Минесота тимбервулвс со 105:104 ја победи Јута џез во еден од најинтересните мечеви, а сигурно натпревар со најнеочекуван резултат. Минесота на овој меч влезе со биланс од 18 победи и 44 порази и од сите 30 НБА-клубови, само Хјустон има послаб скор сезонава. Од друга страна, Јута е тимот со најдобар биланс сезонава и пред мечот со Волците имаше биланс од 44 победи и 16 порази.

Досега никогаш во НБА се немаше случено тим кој има помалку од 30 отсто победи, како што е Минесота, да победи ривал кој има над 70 отсто триумфи, како што во случајот е Јута џез. Победата над Џезерите не е случајна ако се знае дека сезонава овие две екипи играа трипати и во сите три случаи победи Минесота.

Овој меч беше неизвесен до самиот финиш, а Минесота победи со поените на Расел на 4,2 секунди до крајот. Домаќините одлично го одиграа последниот напад и Расел беше потполно слободен да положи од под кошот за победа.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Детроит – Атланта 100:86, Орландо – ЛА лејкерс 103:114, Филаделфија – Оклахома 121:90, Вашингтон – Сан Антонио 143:146 по продолжение, Њујорк – Феникс 110:118, Торонто – Кливленд 112:96, Мајами – Чикаго 102:110, Њу Орлеанс – ЛА клиперс 120:103, Денвер – Мемфис 120:96, Сакраменто – Далас 113:106.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести