Минесота во продолжение го победи Бруклин, Милвоки покажа доминација (Видео)

Без Кевин Дурант и Кајл Ирвинг, Бруклин реди порази. Мрежичките утрово беа поразени на гостувањето кај Минесота со 122:115, и тоа дури по продолжение од пет минути. За Бруклин ова е трет пораз во низа и четврти во последните пет средби, додека Минесота вторпат само за четири дена победува во продолжение.

Бруклин водеше во поголемиот дел од мечот. Гостите имаа и 9 поени предност во последната четвртина (89:80), но Минесота не се предаде и се избори за продолжение во кое одиграа фуриозно и се радуваа на победата.

Милвоки, најдобриот тим оваа сезона во НБА, без поголеми проблеми победи на гости кај Чикаго со 123:102. Изненадување на вечерта е триумфот на Атланта на гости кај Орландо. Јастребите имаа 10 порази по ред, но успеаја да направат магија и да го победат Орландо со 101:93.

Вашингтон победи со 123:105 против Мајами, Јута беше убедлива на свој терен против Детроит (104:81), а Феникс се радуваше кај Портланд со 122:116.

 

- Оглас -

Најнови вести