Минхен не е спорен, потврди дека ќе биде домаќин на мечеви од ЕВРО 2020

Баерн Минхен официјално објави дека нивната „Алијанц арената“ ќе биде подготвена да биде местото каде што ќе се играат мечевите на Европското првенство следната година. ЕВРО 2020 беше поместено за една година, а Минхен треба да биде еден од 12-те градови домаќини на големиот настан.

„Фудбалските фанови во Минхен одвај го чекаат ЕП во нивниот град. Градскиот совет на баварскиот главен град одлучи дека Минхен останува да биде еден од градовите во кои ќе се игра првенството следната година“, стои во соопштението.

УЕФА побара од сите 12 планирани градови кои треба да бидат домаќини до крајот на мај дефинитивно да се изјаснат дали остануваат организатори или се повлекуваат не можејќи да гарантираат дека ќе ги исполнат условите.

Германската селекција треба да игра три меча на „Алијанц арената“, и тоа дербија против Франција и Португалија, како и против уште еден тим кој ќе дојде од Лигата на нациите, а тој тим теоретски може да биде и македонската репрезентација. На „Алијанц арената“ треба да се игра и едното четвртфинале.

- Оглас -

Најнови вести