Дембеле го зема фломастерот и направи корекција која ги израдува сите во Барселона (Видео)

Усман Дембеле денес и официјално ја продолжи соработката со Барселона до јуни 2024 година.

Според годишната заработка, нема многу разлика, Дембеле досега инкасираше 12 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе зема еден милион помалку.

Со ова завршува сагата околу Дембеле, Каталонците може да здивнат и да означат победа на трансфер-пазарот против Челзи. Сините го испуштија Французинот од раце, а и Рафиња ги издрибла и наместо во Лондон, заврши на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести