Миовски блеска: Два гола и асистенција во почетните 22 минути против Еспањол (Видео)

Бојан Миовски игра феноменално во дресот на Жирона и по само 22 минути игра на дуелот против Еспањол успеа да постигне два гола, а има и една асистенција, а неговиот тим води со убедливи 4:0 по неполни 30 минути игра.

Миовски прво асистираше во 4 минута за погодокот на Хил, а потоа македонскиот репрезентативец реши дека конечно е време да ги тресе мрежите во шпанското првенство.

Се играше 16 минута кога Миовски од непосредна близина погоди за 2:0, што беше и негов прв погодок во шпанското првенство. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Веднаш по првиот, следуваше и вториот гол за Бојан. Во 22 минута Миовски повторно се најде на вистинското место и погоди за 3:0 за Жирона, која потоа со голот на Крејчи стигна и до 4:0 во 27 минута. Вториот гол на Миовски може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести