Фудбалската репрезентација на Македонија во сабота го започнува настапот во Лигата на нациите со дуел на гостински терен против Фарските Острови. Нашата селекција како фаворит патува во Торсхавн, но тоа треба да го покажеме и на теренот за да се вратиме во Скопје со трите бода. Вака размислува и Бојан Миовски, фудбалерот од кого се очекуваат голови во сабота.
„Имавме голем број пријателски и квалификациски натпревари со тешки противници на кои се воигрувавме. Сега тој период заврши, сега најважни се бодовите и да се квалификуваме на големо натпреварување. Во одлична група сме, фаворити сме, но тоа треба да го покажеме и на теренот. Сите сме подготвени од прв до последен, сакаме да започнеме со три бода. Фарските Острови се аутсајдери, но мора да ги сфатиме сериозно“, вели Миовски.
Натпреварот Фарски Острови – Македонија се игра во сабота, во 15 часот по македонско време.