Миовски поштеден од играње на снег, барем засега

Дуелот помеѓу ХЈК Хелсинки и Абердин од Конференциската лига ќе заврши подоцна од сите други кои почнаа во 18.45 часот затоа што средбата е прекината при резултат 2-2 во 76-та минута за да се исчисти снегот од теренот.

Снежни врнежи има цело време, првото чистење беше на полувреме, а снегот засилено паѓа, го покри теренот со бела обвивка, па мораше мечот да биде прекинат. Инаку, Бојан Миовски не игра, средбата ја гледа од клупата за резерви и веројатно ќе биде поштеден, но не е исклучено во финишот и да влезе со цел Шкотите да пробаат да дојдат до првата победа во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести