Мирчевски со 16 гола на 15 меча, ги зацврсти пандевци на второ место

Академија Пандев извојува важна победа од 2-1 на гостувањето во Тетово кај Ренова, бидејќи пандевци и Гипсарите се борат за второто место во македонската прва лига. После овој меч,

Маронг и Мирчевски погодија за струмичани, Селмани намали во 92-ра минута. Феноменалниот Мирчевски има 16 гола на 15 средби сезонава, само против Струга и Пелистер нема дадено гол, а против нив играше еднаш.

Сега А. Пандев има 31 бод, шест повеќе од третата Ренова, а еден помалку од лидерот Шкупи, кој има и меч помалку, утре игра со Струга.

- Оглас -

Најнови вести