„Мирен“ протест: Повеќе од 100 повредени и десетици приведени демонстранти за време на Ел Класико

Протестите кои се случија вчера пред „Камп ноу“ за време на Ел Класико дербито не поминаа толку мирно како што се најавуваше. Илјадници демонстранти се појавија пред култниот стадион неколку часа пред спектаклот меѓу Барселона и Реал Мадрид, а полицијата која се соостоеше од повеќе од 3.000 службеници мака мачеше со немирните демонстранти.

Иако првично беше најавено дека немирите се под контрола, по мечот тие продолжиле, по што полицијата морала да реагира. Доцна во ноќта се водела битка низ улиците на Барселона, а крајниот епилог е над 115 повредени, од кои 53 лица побарале лекарска помош и десетици приведени лица кои употребувале секакви предмети со кои нанесуваа штета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести