Мириса на победа, само вака да продолжиме и во вторите 30 минути

Македонија води со 13-9 против Швајцарија по првото полувреме на третиот меч на ЕП во ракомет.

Двата тима почнаа доста неефикасно, по 11 минути семафорот во салата во Берлин покажуваше резултат 3-3. Голманот Мартин Томовски е расположен, имаше пет одбрани (од десет обиди кон неговиот гол) во првите 16 минути.

При 7-5 за Македонија, Швајцарците побараа тајм-аут, но и тоа не помогна, Македонија даде уште два гола за предност од 9-5 во 21-вата минута, имавме и 10-5. Осум минути немавме примено гол, а серијата од 6-0 ни беше прекината со три погодоци по ред на противникот кој намали на 8-10.

Следуваше тајмаут на селекторот Кирил Лазаров, по кој се стабилизира македонскиот тим и направи серија од 3-0 за 13-8, по што беше јасно дека ќе водиме на полувреме.

Томовски со седум одбрани е јунак на првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести