Мируваат мрежите на „Енфилд“ и на „Жерлан“

Повторно без голови во првото полувреме. Во досегашните шест меча во осминафиналето од Лигата на шампионите мрежите мируваа во првите 45 минути. Така е и на „Енфлид“, каде што играат Ливерпул и Баерн Минхен, а тоа се случува и на „Жерлан“, каде што Лион засега ѝ одолева на фаворизираната Барселона.

Избраниците на Јирген Клоп се поконкретни во дуелот против германскиот првак, во неколку наврати Салах се најде во шанса за гол, а се заканија и Мане и Матип. На другата страна, Коман и Левандовски не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на Алисон.

Јасно беше дека Барселона ќе оди на победа против Лион, говорат и 12-те обиди кон голот на Лопес. Меси на двапати се обиде да донесе предност за Каталонците, но неговите удари завршија над пречката.

Од досегашните одиграни четири меча во осминафиналето, вкчучувајќи ги овие два, вкупно 540 минути мрежите мируваа во првото полувреме. Реал Мадрид го совлада Ајакс со 2-1, Тотенхем славеше со 3-0 над Б. Дортмунд, ПСЖ на гости кај Јунајтед победи со 2-0, додека Рома беше подобра од Порто со 2-1, а на сите натпревари резултатот беше 0-0 во првиот дел.

- Оглас -

Најнови вести