Мис Бугарија е фудбалска судијка!

Фудбалската линиска судијка Џулијана Бутракова освои една од најзначајните награди на изборот за Мис на Бугарија кој се одржа пред некој ден во Софија. Бринетата од Пазарџик, која има 22 години, стана Мис Бугарија Глоуб 2020 и со тоа стекна право да го претставува нашиот источен сосед на меѓународен натпревар за убавина.

Бутракова зборува англиски, норвешки и француски јазик, а во фудбалскиот свет е позната како помошен судија и има добиено награда меѓу дамите за најдобар асистент-судија во Зоната Софија. Таа и во 2019 година учествуваше на Мис Бугарија, но тогаш не доби признание.

Ако се определи да се фокусира на манекенска кариера, ќе им недостасува на мажите по фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести