Миша Тумбас почина од тага што не може да го гледа Партизан

Жената која со децении се грижела за легендарниот навивач на Партизан, Миша Тумбас, и која го најде мртов во неговиот дом во селото Барич, кое е во близина на Белград, вели дека тој починал од тага што не можел да го гледа својот сакан клуб.

Тумбас живееше за Партизан, одеше на натпревари на фудбалскиот, кошаркарскиот, ватерполо тимот, и на сите спортски клубови на „црно-белите“, па прекинот на првенствата поради Коронавирусот тешко му паднал.

Гоца Миленковиќ, која 30-тина години се грижела за 66-годишниот Миша, човекот кому Партизан му беше сè, вели дека нема потреба од обдукција, а и од клубот ја пренесоа нејзината изјава за причината за смртта на човекот кој беше омилен кај сите во Србија, без разлика за кого навиваат.

„Не е потребна обдукција. Убедена сум дека тој умре од преголема тага, од немање можност да го гледа својот Партизан. Срцето не му издржа“, рекла жената која најдобро го познавала Миша.

- Оглас -

Најнови вести