Мисијата успешна: „Борусија парк“ ќе биде преполн на трибините!

Веќе повеќе од еден месец Борусија Менхенгладбах започна со една интересна идеја, да ги наполни трибините дури и за време на пандемијата со корона-вирусот. На навивачите им беше понудено за 20 евра да си купат место на трибините на кое ќе биде поставена макета од нивниот лик, па така ќе делува дека на стадионот има навивачи дури и во време кога се затворени вратите за влез на трибините.

Борусија в сабота за првпат ќе игра на свој терен во ерата на корона-вирусот, а на трибините на „Борусија парк“ веќе има поставено повеќе од 20.000 картонски силуети на навивачи кои платиле да бидат дел од оваа историска акција.

„Картонските силуети се споменик. Тие треба да покажат дека фудбалот без навивачи едноставно не е ист. Ова беше одлична кампања која сигурно ќе направи да биде малку поинаква атмосферата на трибините“, вели спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Макс Еберл.

 

- Оглас -

Најнови вести