Мислеле дека починал уште пред 40 години, а екс ѕвездата на Барселона е жив

Некогашниот кошаркар на Барселона, Чарлс Томас, е жив, иако за него се мислело дека бил убиен пред 40-тина години. Томас кој пред 50-тина години (од 1971 до 1975 година) го носеше дресот на Барса со бројот 13, беше еден од најдобрите блокери на светот во тоа време.

Има анегдота дека во Каталонија (пред да игра за Барса, бил во Хувентуд) можел да заврши колеџ ѕвездата Лу Алсиндор (подоцна си го смени името во Карим Абдул Џабар), но Томас бил двојно поефтин, па Хувентуд го купил него, а не човекот кој подоцна стана најдобар стрелец во историјата на НБА.

Велат дека Томас имал неверојатен одраз, често забивал, и иако бил висок „само“ 201 сантиметар, можел да го пофати врвот на кошаркарската табла. Бил и поентерска машина, давал над 25 поени по меч, иако тогаш не постоеја тројки, а во 80-тите години од минатиот век го снемало и се проширила информација дека е мртов, имало две верзии, дека настрадал во пресметка на две банди и дека се предозирал со дрога.

Но, пред 15 дена, еден негов поранешен соиграч од Барселона, Нормал Кармајкл, добил телефонски повик од Томас. Прво мислел дека некој се шегува со него, но колку подолго зборувале, сфатил дека навистина е човекот кој одамна го имаше прежалено и за кој мислеше дека е мртов. На видео повикот се уверил дека е Томас, кој сега има 75 години и живее во старечки дома во Тексас.

- Оглас -

Најнови вести