Златан Ибрахимовиќ, кој пред два дена наполни 41 година, предизвика големо внимание со снимката од домот на Силвио Берлускони, по која се појавија шпекулации дека Швеѓанецот можеби ќе премине во Монца.
Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година, кога прв човек на Милан беше Берлускони, а сега поранешниот газда на Росонерите и експремиер на Италија е прв човек на Монца.
„Историјата не се брише, иднината чека да биде напишана“, порача Ибра на социјалните мрежи.
Дали со ова најави дека налето си заминува од Милан и ќе се пресели во Монца?