Мистериозно исчезна еден од најценетите трофеи во светот на фудбалот

Репрезентацијата на Египет во 2006, 2008 и 2010 година, трипати по ред го освојуваше Африканскиот куп на нации, но пехарот наменет за најдобрата фудбалска селекција на Црниот континент, исчезна.

Поранешниот потпретседател на Египетската фудбалска федерација, Ахмед Шобеир, рече дека пехарот кој Египет го доби во трајна сопственост поради трите титули по ред, бил украден од седиштето на федерацијата и никој не знае каде е. Египќаните сакале да изградат музеј во кој ќе стои пехарот со дрес потпишан од играчите, и тогаш сфатиле дека го нема пехарот.

Фараоните се најуспешни во историјата на африканските првенства со седум титули. Има шпекулација дека пехарот е кај Ахмед Хасан, легендарниот капитен на Египет, но тој негираше и тврди дека одамна го предал. Се верува дека во просториите на федерацијата недостасуваат и други вредни работи, па полицијата врши истрага.

- Оглас -

Најнови вести