Мистериозно отсуство на Бејл од вечерашниот меч

Герет Бејл нема да биде на располагање за вечерашниот натпревар на Реал Мадрид на гостувањето кај Осасуна, но од Кралскиот клуб не ја објавија причината за отсуството на Велшанецот.

Бејл беше на листата која Карло Анчелоти ја објави вчера, но денеска, непосредно пред заминувањето за Памплона, од Реал го отпишаа Бејл без да наведат дали е тоа поради повреда, од семејни причини или нешто трето.

Неофицијално, Бејл имал болки во левата нога. Бејл, кој ја игра својата последна сезона во Реал, играше само 270 минути во шпанската лига сезонава, од тоа 193 минути беа во првите три кола, а даде само еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести