Митјиланд им одржа лекција на Младите момци, пеналите му донесоа среќа на Молде

Митјиланд со убедливи 3-0 го совлада Јанг бојс и како последен тим се пласираше во плејоф-фазата од Лигата на шампионите. Данскиот првак ја заврши работата во второто полувреме со погодоците на Дрејер и Мабил, а добија голема помош од Лефор по автоголот во 51-вата минута.

Митјиланд за пласман во групите ќе ги одмери силите против Славија Прага, додека Јанг бојс има втора шанса да игра во Европа преку ЛЕ.

Молде со 6-5 во пенал-рулетот славеше против Карабах и обезбеди пресметка против Ференцварош за пласман во групната фаза. Дуелот во Ларнака се одигра без голови по 120 минути игра, Молде не искористи шанса за победа во 103-тата минута по промашен пенал, но шестата серија од пеналите беше среќна за норвешките прваци да се радуваат на пласман во следната фаза.

Плејоф парови:

Славија Прага – Митјиланд

Макаби Тел Авив – Салцбург

Олимпијакос – Омонија

Молде – Ференцварош

Краснодар – ПАОК

Гент – Динамо Киев

- Оглас -

Најнови вести