Митјиланд испиша историја со прв пласман во ЛШ, ПАОК повторно е нокаутиран од Краснодар (Видео)

Митјиланд испиша клупска историја вечерва со победа од 4:1 против Славија Прага и за првпат ќе игра во Лигата на шампионите, а место во луксузното европско натпреварување има и за Краснодар и за Салцбург.

Со четири гола во последните 25 минути во реваншот на свој терен данскиот тим успеа да направи голем пресврт и да ја елиминира Славија во финалето од плејофот за настап во ЛШ.

Олајинка им донесе предност на гостите во третата минута, но чешкиот шампион не издржа и загуби убедливо. Каба, Шолц, Онјека и Дрејер беа стрелци на головите за Митјиланд.

Краснодар повторно го победи ПАОК со 2:1, вечерва на гостински терен во Солун и се избори за настап во фазата по групи во ЛШ.

Михаилидис си постигна автогол, а Кабела уште еднаш ја затресе мрежата на ПАОК, тим што успеа во реваншот само да стигне до почесен погодок преку Ел Кадури, недоволно за ново учество во ЛШ.

Салцбург славеше вечерва со 3:1 против Макаби Тел Авив и со две победи и вкупен резултат од 5:2 се проби во ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести