Митровиќ не го дава врвот, со голови ја води Србија кон Катар (Видео)

Србија го победи Луксембург со 4:1 и остана во трката за настап на Мундијалот во Катар следната година. Во фокусот повторно беше популарниот Митрогол, Александар Митровиќ кој постигна два гола за популарните Орли и остана на врвот на листата со најдобри стрелци, сега со 7 погодоци.

Играчот на Фулам беше прецизен во 22. минута за 1:0 и најави победа на фаворитот на Маракана.

Serbia [1] – 0 Luxembourg – Aleksandar Mitrović 22′ from soccer

Митровиќ повторно беше прецизен во 35. минута по најубавата акција на мечот, а на 2:1 намали Оливер Тил во 77. минута. Максим Чано си постигна автогол во 81. минута, а Миленковиќ погоди во 97. минута за конечни 4:1 за Србија.

Serbia [2] – 0 Luxembourg – Aleksandar Mitrović 35′ from soccer

Република Ирска и Азербејџан ремизираа 1:1 во Даблин, а Емин Махмудов во последните моменти од првото полувреме постигна вистински еврогол.

Дафи израмни на 1:1 во финишот на мечот и го остави Азербејџан без победа во квалификации за ЕП, или СП од 2017 година.

Голот на Емин Махмудов можете да го погледнете ОВДЕ.

Победи забележаа и Норвешка против Летонија со 2:0 на гости и Русија против Кипар со ист резултат. Словенија на домашен терен ја победи Малта со 1:0, а денеска во премиерата од петтото коло во европските квалификации за пат во Катар, Финска го победи Казахстан со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести