Ал Хилал ита кон титула во првенството на Саудиска Арабија, а најголема заслуга за ова има голгетерската форма на Александар Митровиќ кој на дури 11 лигашки средби по ред дава гол.
Србинот на 7-ми октомври за последен пат не даде гол на меч од саудиската лига, а на кој настапил. Тој има 19 голови сезонава, со што е втор на листата на стрелци зад Кристијано Роналдо кој има 21.
Ал Хилал денеска го победи Ал Раед со 3-1, Митровиќ ги даде првиот и вториот гол, а во листата на стрелците се запиша и Кулибали. Ал Хилал во 20 кола сезонава има 18 победи и две ремија, на Ал Наср му бегаат комотни седум бодови.