Митровиќ погодува рафално, Србија вредно собира бодови за Мундијалот во Катар

Александар Митровиќ е прв стрелец во квалификациите за настап на Светското првенство во Катар, а вечерва со два гола и донесе нова победа на Србија.

Популарните Орли славеа со 2:1 во Баку против Азербејџан и продолжија вредно да собираат бодови за настап во Катар, идната година.

Митровиќ беше прецизен во 16. и во 81. минута, доволно за победа, а стрелец за домаќините беше Махмудов во 59. минута од пенал. Напаѓачот на Фулам и на српската репрезентација досега постигна пет гола на три меча и е лидер на листата со најдобри стрелци во квалификациите за СП.

Кикс имаше Словенија, селекција која загуби од Кипар во Никозија со 1:0. Јоанис Питас беше стрелец на единствениот гол за триумф на домаќините, кои ја забележаа првата победа во циклусот и со 4 бода ја прескокнаа Словенија.

- Оглас -

Најнови вести