Се е наопаку и долго ќе се памети – Митровиќ постигна гол што ќе конкурира за најсмешен во историјата на фудбалот (Видео)

Фулам го декласира Хадерсфилд со 5:1 во меч од второто коло во Чемпионшип лигата во Англија, а првиот гол што го постигна Александар Митровиќ долго ќе се памети.

Целата акција во деветтата минута беше чудна, од враќањето на топката до голманот Рајан Скофилд, до неговата екстремно лоша реакција, се до начинот на кој популарниот Митрогол го постигна водечкиот гол за Фулам.

Српскиот репрезентативец се лизна, а фудбалот во чуден лак влезе во мрежата на збунетиот Скофилд. Гол што според реакциите на актерите инволвирани во целата акција може комотно да конкурира за најсмешен во историјата на фудбалот.

Huddersfield 0 – [1] Fulham – Mitrovic 9′ (Bizzare goal) from soccer

Фулам потоа постигна уште четири погодоци за убедлив триумф од 5:1 на гости, но мечот ќе се памети долго најмногу по голот на Митровиќ во деветтата минута.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести