Мицевска бранеше одлично, за голманката на Македонија има место во Топ-5 (Видео)

Јована Мицевска ја има четвртата најдобра одбрана во циклусот квалификации за настап на ЕП и на ЕХФ Еврокупот што се игра во Скопје со четири репрезентации.

Голманката на Македонија бранеше одлично против Црна Гора, а нејзината одбрана на почетокот на второто полувреме е во Топ-5 најефектни интервенции.

Место меѓу најдобрите имаше и за Катрине Лунде од Норвешка, рангирана на петтото место, потоа и за Петра Блажек од Австрија на третата позиција, за Јудит Балог од Украина, која е на второто место и за најдобрата во Топ-5, голманката на Холандија, Тес Вестер.

Македонија го загуби првиот меч на турнирот на четири нации од Црна Гора во Скопје со 21:29.

 

- Оглас -

Најнови вести