Мициќ во договор со селекторот Ѓорѓевиќ, донесе тешка одлука

Плејмејкерот на српската репрезентација, Василије Мициќ, ќе биде во составот на националниот тим на четвртфиналниот дуел со Аргентина, кој се игра утре во Донгуан на Светското првенство во кошарка, и ќе настапи, и покрај смртта на неговата мајка која почина утрово.

Мициќ во договор со селекторот Александар Ѓорѓевиќ, се согласиле дека е подобро Васа да се појави на средбата со „гаучосите“, исклучително значаен меч кој ако го добијат, Србите ќе дојдат на чекор од медал. Смртта на мајка му го направи многу тажен, но сега Мициќ сака да освои медал и да го посвети на жената која водеше битка со болеста. Мициќ на досегашниот дел од првенството има просек од 6 поени и 4,4 асистенции по натпревар.

Кошаркарот знаеше со каков проблем се соочува мајка му, но се сконцентрира на кошарката и реши да отпатува во Кина и да игра на СП. Тој бил многу приврзан за мајка му, често објавуваше заеднички фотографии со неа.

- Оглас -

Најнови вести