Млад фудбалер загина во трагедијата во Грција, семејството не ни знаело дека е во „возот на смртта“

Младиот грчки фудбалер Јорданис Адамакис (22 години) загина во сообраќајната несреќа која се случи на железничкиот пат Атина-Солун. Во судир на патнички и товарен воз досега е потврдено дека настрадале 43-ца луѓе, меѓу кои е и фудбалерот Адамакис.

Според пишувањата во грчките медиуми, семејството на фудбалерот воопшто не ни знаело дека тој е тргнат на пат со воз. Адамакис кариерата ја започна во Кавала, а потоа има играно и за Родос и Деспорос во Втората грчка лига.

Од Родос веднаш реагираа и објавија дека соблекувалната на домашниот тим ќе го носи неговото име.

Во оваа несреќа, освен загинатите, има и над 130 повредени.

- Оглас -

Најнови вести