Млад холандски репрезентативец е прва летна аквизиција на Ливерпул

Ливерпул го официјализираше трансферот на Сеп Ван дер Берг од Цволе. Младиот холандски репрезентативец потпиша долгогодишен договор со европскиот првак, а за неговите услуги клубод издвои два милиони евра.

Седумнаесетгодишниот Ван дер Берг се наметна во првиот тим на Цволе изминатава сезона во која запиша 15 настапи, додека веќе четирипати го носеше дресот на холандската селекција до 19 години.

„Моментално сум најсреќен човек на светот. Потпишав со еден од најдобрите клубови на светот, актуелен европски првак. Фактот што ќе тренирам и играм под палката на Јирген Клоп беше една од причините што го прифатив овој предизвик. Се надевам дека ќе продолжам да се развивам како играч и во иднина со гордост да ги бранам боите на Ливерпул. Искрено, прво мислев дека е шега кога ми кажаа дека Ливерпул се интересира за мене, но кога шпекулациите се потврдија, без размислување ја прифатив понудата“, истакна Ван дер Берг.

 

- Оглас -

Најнови вести