Млад тенисер колабира среде меч и тоа по вторпат во последните 30 дена (Видео)

Младиот кинески тенисер, Јибинг Ву, колабираше за време на меч на турнирот во Вашингтон, САД, само неколку недели откако тоа му се случи и на Вимблдон.

Ву во осминафиналето на турнирот во Вашингтон водеше со 4:1 во гемови против Јапонецот Јосуке Ватануке, кога колабира и го предаде мечот. Нему му се слоши во моментите кога одеше да седне на столчето на паузата помеѓу гемовите, но падна преку него, а Ву потоа го предаде мечот.

На сите им стана јасно дека Ву не се сопнал, туку дека му се слошило и дека не може да стои на нозе. Веднаш притрчаа момчињата кои ги собираат топките, а потоа дојдоа и лекарите кои се обидуваа да му помогнат.

- Оглас -

Најнови вести