Млад тенисер не ги издржа високите температури во Мајами и падна на сред натпревар (видео)

Стартот од АТП Мастерс турнирот во Мајами можеше да биде зацрнет, но за среќа трагедија се избегна на натпреварот од првото коло меѓу Дрејпер и Кукушкин. Младиот британски тенисер, Џек Дрејпер, во финишот од првиот сет падна на теренот од изнемоштеност не можејќи да ги издржи високите температури во Флорида.

Натпреварот се играше на околу 30 степени, по што Дрејпер покажа знаци на слабост и побара лекарска интервенција. Откако му измерија притисок и му го следеа дишењето, 19-годишниот тенисер се врати на теренот, меѓутоа се урна на среде игра и ги уплаши присутните.

За среќа, Дрејпер застана на нозе, но на неславен начин го заврши учеството во Мајами.

https://twitter.com/TennisTV/status/1375146540768059398

- Оглас -

Најнови вести