„Младата“ Македонија ќе собира искуство против фаворизираната Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот ќе игра против Црна Гора во рамките на второто коло од ЕХФ Купот.

Сосема е јасно дека Црна Гора е апсолутен фаворит на оваа средба, а од друга страна, главниот фокус на„црвено-жолтите“  ќе биде собирање на искуство за претстојното Европско првенство на кое сме еден од трите организатори.

Селекторот Љубномир Савески свесно го „жртвува“ ова натпреварување со цел што подобро да го запознае својот состав за наредниот континентален шампионат, каде што ќе гледаме што подобро да се претставиме.

Од друга страна, Црна Гора е уште посилна вечерва, бидејќи во своите редови ќе ги има Јованка Радичевиќ и Јелена Деспотовиќ.

Натпреварот нема никакво резултатско значење во новоформираниот турнир организиран од ЕХФ, а покрај овие две селекции, се наоѓаат уште и Норвешка и Словенија.

- Оглас -

Најнови вести