Младеновски и Хајдари позитивни на ковид-19, Канатларовски дополнително повика нови двајца

Селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, Драган Канатларовски, испрати дополнителен повик за Александар Ѓуркоски од Шкупи и Ѓорге Јанкулов од велешки Борец за натпреварите на младата селекција во квалификациите за ЕП 2023. Нашите таленти на 2 септември ќе се соочат со силната Франција во Ле Ман, а пет дена подоцна во Скопје ни гостува Србија.

На редовните клупски тестирања на вирусот ковид-19, за жал, позитивни резултати добија Марио Младеновски од Ботев Пловдив и Адријан Хајдари од Рапид Виена. Двајцата фудбалери ќе поминат период на самоизолација и најверојатно нема да конкурираат за место во тимот за пресметките против Франција и Србија.

Официјалниот собир на репрезентацијата до 21 година е на 29 август во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести