Младинецот на Аталанта ја загуби битката за животот

Младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди, почина утрово откако ја загуби битката со проблемот кој го снајде пред три дена. На еден месец пред да наполни 20 години, момчето почина како резултат на мозочен аневризам.

Сезонава Риналди играше како позајмен во нисколигашот Лењано (клуб од Серија Д). На младиот играч на бергамаските му се слоши во петокот и веднаше беше префрлен во клиника во Варезе.

Аневризмата е абнормално ширење на крвниот сад по дефект на ѕидот на садот. Во повеќето случаи мозочниот аневризам долго време минува без симптоми, а во ретки случаи патолошкото ширење на садот може да донесе излив во мозокот.

Риналди беше во Аталанта од својата 13-та година, а со У-17 тимот ги освои Скудетото и Купот на Италија во таа возрасна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести