Младиот Бастони е херојот на Интер а Имобиле влезе во елитно друштво (ВИДЕО)

Интер со 2:1 го победи Лацио во рамките на 21-то коло на Серија А, а херој на домаќините беше младиот Алесандро Бастони.

Дефанзивецот најпрвин во 30-та минута постигна прекрасен гол од далечина, а потоа во 67-та минута одлично асистираше кон Милан Шкриниар за 2:1.

Во меѓувреме, Чиро Имобиле во 35-та минута израмни на 1:1, што за него ова е петнаесеттиот гол во сезоната, а до оваа бројка во топ пет шампионатите до сега само им успеала на Мохамед Салах и Роберт Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести