Младиот Сар е петтото засилување на Челзи за ова лето

Маланг Сар официјално е нов член на Челзи откако 21-годишниот Французин денес стави потпис на петгодишен договор со Сините. Тој е петти ангажман за тимот на Френк Лампард ова лето, од претходно се осигурани услугите на Хаким Зијех, Тимо Вернер, Бен Чилвел и Ксавиер Мбујамба.

Сар потекнува од школата на Ница, каде што и играше изминативе години. За првиот тим дебитираше на 17 години, а откако во јуни му истече договорот, на „Стемфорд бриџ“ пристигна како слободен играч.

Челзи засега е најактивен на трансфер-пазарот, наскоро треба да се официјалираат трансферите на Тијаго Силва и Кај Хаверц.

- Оглас -

Најнови вести