Невидени дебакли со 71 и 99 поени разлика – Младите Бугарки залутаа на Европско првенство, од нив полоши се Албанките во Скопје

Младата бугарска репрезентација за кошаркарки до 20 години очигледно е залутана на Европското првенство во Унгарија и е најслабата селекција на шампионатот по две кола, а денеска загуби од Шпанија со неверојатни 71 поени разлика, односно со 27:98.

Во ниту една четвртина не успеаја да им дадат на Шпанките двоцифрен број на поени, а почнаа со пет поени во првиот период, потоа дадоа 6 и 7, па завршија со девет поени во последната четвртина од 10 минути.

Бугарките загубија и во првото коло од Полска со 75:90, а и да бидат последни во Ц групата сепак ќе играат во осминафиналето, бидејќи според правилата сите 16 селекции на ЕП ќе играат во нокаут фазата.

Во исто време се игра и Б шампионатот на Европа во Скопје, а таму се случи невиден дебакл на Албанките кои загубија од Грција со 119:20, односно со 99 поени разлика.

И младите Албанки како и Бугарките не успеаја во ниту еден период од по 10 минути да постигнат двоцифрен број на поени, а почнаа со шест, продолжија со два и три и завршија со 9 поени во последниот период во еден од највисоките порази во историјата на женската кошарка.

- Оглас -

Најнови вести