Младите до 19 години загубија од Германија

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, после големата победа над домашната Полска со 2-0 во првото коло, денеска загуби со 1-3 од Германија, па третиот меч против Казахстан ќе биде клучен за избраниците на Тони Јакимовски дали ќе играат втора рунда квалификации за ЕП или бараж за влез во таа фаза која ќе се игра во март следната година.

Казахстан е тим кој губеше убедливо од Германија (0-6) и од Полска (0-3), па нашите ќе бидат фаворити во тој дуел на 17-ти октомври.

Денеска во полскиот град Бидгошч, на полувреме беше 0-0, а Германците поведоа со 1-0 во 57-ма минута, па Македонија со гол на Георгиевски израмни на 1-1. Играчот на Хофенхајм, Том Бишоф, со голови во 67-ма и 75-та минута, им донесе победа на Германците.

- Оглас -

Најнови вести