Младите Финци и Норвежани се „распукаа“ во Марбелја

На пријателскиот меч помеѓу младинските репрезентации (играчи до 21 година) на Финска и Норвешка, одигран вечерва во шпанска Марбелја, паднаа дури 11 гола, од кои неверојатни шест во период од 15 минути.

Финците имаа водство од 3-0 по првите 45 минути, но не застанаа тука и во 50 и 52 минута зголемија на 5-0. Тогаш редот дојде на противникот кој во 54 и 55 минута намали на 2-5, а потоа во 59 и 65 минура, Финска уште двапати ја тресеше мрежата на скандинавскиот ривал, за 7-2. Потоа стрелците малку се одморија, а во финишот двете селекции дадоа уште по еден гол за 8-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести