Младите Италијанци даваа голови, Чешка освои бод

Италија и Чешка одиграа тензичен прв меч на младинското Европско првенство, а иако ги дадоа двата гола, „Аѕурите“ не победија.

Соиграчот на Горан Пандев, Џанлука Скамака му донесе предност на фаворитот со гол во 31. минута, но Чесите избегнаа пораз со автоголот на Џулио Маџоре.

Во финишот Чесите дури и пропуштија златна шанса за премиерна победа, бидејќи играа со два играчи повеќе. Тонали беше исклучен во 84. минута, а во судиското продолжение и Маркиза доби црвен картон.

За разлика од младите Аѕури, Шпанија не си дозволи луксуз да губи бодови и со убедлив триумф од 3:0 против Словенија го почна походот во одбрана на титулата.

Актуелните шампиони славеа против еден од домаќините на ЕП со головите на Пуадо, Вилјар и Миранда, сите во второто полувреме ги освои првите бодови во Б групата.

 

- Оглас -

Најнови вести