Младите Македонци се бореа, но Французите се друго ниво (Видео)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери со 21 година немаше шанса на гостувањето кај Франција и претрпе пораз од 0-3 во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2023 година.

Избраниците на Драган Канатларовски се бореа, но беа во подредена улога, имаа скромни 31 отсто посед на топка, а Франција упати 30-тина шута кон нашиот гол и постигна три гола од кои првиот сомнителен бидејќи топката можеби и не ја мина гол-линијата со цел обем. На 2-0 зголеми новиот играч на Реал Мадрид, Камавинга, додека третиот погодок беше дело на Калулу, кој е член на Милан.

Ова е погодокот на Камавинга:

https://twitter.com/i/status/1433496096194666507

- Оглас -

Најнови вести