Младите ракометарки доживеаја дебакл од Унгарија, во едно полувреме постигнаа само три гола! (Видео)

Женската репрезентација за ракометарки до 19 години имаше неуспешен старт на подготовките за настапот на Европското првенство во Романија. На првиот натпревар од подготвителниот турнир во Дабаш (Унгарија), нашите девојки доживеаја вистински дебакл и загубија од домаќинот со 44-18. Она што е уште пострашно од овој натпревар е тоа што во првото полувреме избраничките на Јулијана Дамческа постигнаа само три погодоци и го загубија првиот дел со неверојатни 27-3.

Во второто полувреме го поправија впечатокот, но, пред сè, бидејќи Унгарките го намалија ритамот и шанса им дадоа на сите ракометарки. Второто полувреме заврши со 17-15 за Унгарија или севкупно 44-18 на крајот од мечот.

Македонија утре ќе игра против Холандија, додека турнирот завршува во сабота со дуел против САД, што веројатно ќе биде и единствената можност за победа и за освојување на третото место на овој турнир.

По завршувањето на турнирот во Унгарија, ќе следува и учество на младинскиот „Трофеј Карпати“ во Романија.

- Оглас -

Најнови вести