Младите се иднината на Манчестер јунајтед, урнаа англиски рекорд за куп финалето

Манчестер јунајтед објави дека се продадени над 38 илјади влезници за финалето во ФА купот на младинските екипи на Црвените ѓаволи против врсниците од Нотингем форест што ќе се игра во среда на 11. мај на „Олд Трафорд“.

Тоа ќе биде рекордна посета за меч во младинското ФА куп финале во 70-годишната историја на ова натпреварување.

Манчестер јунајтед е рекордер со 10 пехари, па има шанса да подобри два биланси и по бројот на гледачи на финален меч, што веќе е надминато со продажба на над 38 илјади влезници и да си го подобри сопствениот рекорд според бројот на титули, ако го победи Нотингем форест.

Досегашниот рекорд е во сопственост на Арсенал, со продажба на 38.137 билети за ФА куп финалето во младинска конкуренција против Манчестер јунајтед во 2007 година.

 

- Оглас -

Најнови вести