Младите заминуваат за Црна Гора

Македонската репрезентација до 21 година денеска заминува за Подгорица, Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16-ти ноември и против домашната селекција три дена подоцна.

Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување.

„Иако ова е нова генерација, одлично се познаваме и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“, изјави Здравковски.

Милан Ристовски вели дека секој меч е важен и нова шанса за докажување.

„Значајно е сите да ја сфатат сериозноста на подготовките и натпреварите бидејќи секој позитивен резултат е битен за овој тим. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни“, рече Ристовски.

- Оглас -

Најнови вести